121
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека сите шестмина пратеници би дале поддршка да не биде Африм Гаши претседател на Собранието. Нагласи дека не треба да биде косоваризиран македонскиот Парламент.
„Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено, само за да не биде повторно косоваризиран македонскиот парламент. Противуставно е да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се претседава со седница“, рече Апасиев.
Тој посочи дека противуставен е Законот за јазици по кој претходно Талат Џафери претседаваше со седниците на албански јазик.
Тој додаде дека ако зборува на македонски, може да преседава.
„Си ги гласавте патриотите тоа ќе ви биде реалноста“, додаде Апасиев.