Апасиев наведува 5 причини зошто треба да биде поништен Законот за јазици

by Фокус

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека Уставниот суд треба да го поништи Законот за јазици и истакнува дека има повеќе правни аргументи за таква одлука.

„1. Законот е прошверцуван во Собранието, спротивно на Деловникот, со фрлање на амандманите на опозицијата во корпа;

2. Законот го нема потребното квалифицирано 2/3 мнозинство кое го бара Уставот за регулирање на судски постапки;

3. Пробиени се преклузивните уставни и законски рокови за промулгација;

4. Указот за прогласување на „законот“ го нема потребниот врзан потпис на Претседателот на Републиката и е објавен во „Службен весник“ спротивно на закон (што е без преседан во досегашната наша уставно-правна историја);

5. Законот е спротивен на меѓународното право и на тоа укажува Венецијанската комисија (составена од експерти по уставно право) при Советот на Европа“, напиша Апасиев.

Според него, уставните судии мора да покажат кредибилитет и правно знаење, а не, како што вели, да бидат уплашени.

Поврзани новости