Апасиев: Мицкоски гледа дека без Левица нема победа, па си вика, ај на ова дечиштава ќе им фрлам коска

by fokus

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, реагира на изјавата на Христијан Мицкоски, за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и подава рака на Левица. Го пренесуваме фејсбук статусот на Апасиев:

-Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!?

Мицковски во реалноста:
– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;

– договара легализација на дивоградби со Заев во четири очи, во корист на урбаната мафија;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;

– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, како да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);

– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…

И, кога после се, идат анкетите пред Локални избори – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?

Види вака друже.
Скроз си ја зрешил сликата за нас.
Политичкото рацио на Левица не е да донесе некој на власт!
Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ, напиша Апасиев на фејсбук.

Поврзани новости