736
„Од 7-ми јули сум ставен под ПИ-мерки. Ми го следат телефонот. Сега во Грција за четвртата партија како што е Левица, имаше афера каде што си дадоа оставки. Мене ме следеле физички, мислејќи дека имаме руски врски и со пари од Русија дека правиме протести пред Влада. Учени сме на ова“.
Вака вечерва во гостувањето на Канал 5 изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој потенцираше дека од Левица „не се плашат“.