Апасиев: Македонската пошта е понеефикасна и од поштенските системи на Маите и Ацтеките

by irena 10:37
10:37

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи ја критикуваше работата на Пошта на Македонија, тврдејќи дека институцијата веќе трет ден не прима писма, поради што, според него, адвокати пропуштаат законски рокови за поднесување жалби.

Во објавата тој изнесува и низа обвинувања за работењето на претпријатието, меѓу кои дека има лица вработени по Рамковниот договор и дека, според неговите тврдења, има вработени кои издржуваат затворска казна во Италија, а и понатаму примаат плата. За овие наводи не приложува докази, туку ги повикува новинарите да ги проверат.

Апасиев ја споредува македонската пошта со поштенските системи на Маите и Ацтеките, оценувајќи дека тие биле поефикасни, а како пример наведува дека новогодишна честитка од министер ја добил дури во април.

На крајот од објавата, тој упатува критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го неговиот рејтинг и актуелните политички случувања.

Слични вести