Апасиев: Ковачевски е домазет во сопствената Влада, затоа се плаши да го разреши Меџити

by Fokus

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата. Информацијата ја потврди министерот, одговарајќи вчера на новинарски прашања.

Пратеникот од редовите на Левица – Димитар Апасиев, денес се приклучи на критиките, но наместо кон министерот, тој прстот го впери во премиерот Ковачевски, за кого рече дека ако е вистински премиер, до сега ќе го разрешел Меџити.

„Сега Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство, онака лаконски“ – напиша Апасиев на Фејсбук.

Поврзани новости