Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат!

by fokus

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави статус за наводно киднапирање на пратеник со цел да не се изгласа недоверба на Владата.

„Јако еј! КИДНАПИРАЛЕ пратеник мислејќи дека така нема да паднат!?#МафијаVsПратеници“, објави Апасиев.

Реакцијата на Апасиев доаѓа откако во Собранието не се појави пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи., а без кого обозицијата нема 61 глас потребен за гласање на недоверба на владата.

Во меѓувреме пак на фејсбук се огласи Реџепи.

Една од главните цели за мене и за политичката партија Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ.Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има огромни шанси да ги почне преговорите со ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.

На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати, напиша Реџепи на Фејсбук.

Поврзани новости