Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, најавува дека во Собранието ќе ги блокираат сите закони кои се поврзани со, како што рече, урбана мафија и приватизација на земјиште.
-Секој Закон кој ќе дојде во Собрание ќе биде блокиран од наша страна бидејќи тоа е уништување на државноста, уништување на Републиката и тоа не смее да помине, барем додека има пратеник на Левица во Собрание. А, на следните избори ќе имаме многу повеќе пратеници и многу повеќе ресурси за блокада – рече Апасиев на Сител.
Сепак, тој рече дека блокадата не е начин на работа на Левица. Според него, тој и неговиот колега Борис Крмов досега го блокирале само донесувањето на Деловникот и Законот за лични карти.
-Ние таргетираме сензитивни теми, како што ви кажав, овие три во моментов и на нив ги ставаме нашите ресурси. Но, одиме до крај. Денеска го блокиравме Законот за урбанистичко планирање бидејќи е во корист на урбаната мафија. Тоа е сакање да се протне она што се гради кај Холидеј ин – истакна Апасиев.