Апасиев и уште 16 пратеници ги повлекоа потписите

by fokus

Лидерот и пратеник од „Левица“, Димитар Апасиев и уште 16 други пратеници попладнево до претседателот на Собрание доставиле известување за повлекување на потписите од иницијативата за недоверба на владата, соопштија од Собранието.

Засега нема одговор од собранискиот спикер, Талат Џафери на прашањето на „Фокус“ дали ќе ја прифати ваквата ревидирана иницијатива со оглед на тоашто рече дека за да се поднесе нова иницијатива ќе треба да поминат 90 дена.

Со повлекувањето на потписот на Апасиев, „Алтернатива“ соопшти дека четворицата нивни пратеници на утрешната седница ќе гласаат за недоверба на владата.

Повлекување на потписите на пратениците од Левица бараше пратеникот на „Алтернатива“ Скендер Реџепи, како услов неговиот потпис да остане на списокот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата следи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори.

Дваесетина пратеници ќе се повлечат од иницијативата за недоверба

Поврзани новости