540
Претседателот на Левица Димитар Апасиев, поднесе тужба против претседателот на Собранието Талат Џафери, поради, како што вели, извршена политичка дискриминација.
„Ја известуваме јавноста дека претседателот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија – проф. д-р Димитар Апасиев, до Основниот граѓански суд – Скопје, преку неговиот адвокатски тим од Правниот сектор на Партијата, поднесе приватна тужба против собранискиот спикер Талат Џафери, заради извршена политичка дискриминација во врска со неспроведувањето на Иницијативата за референдум за т.н. Француски предлог за наводни преговори со ЕУ.