694
Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина.Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, гласаа против Декларацијата за Украина во Собранието, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Димитар Апасиев, партнерот на Мицкоски ги користи зборовите на Путин, посочувајќи дека вчера и пратеникот Крмов Украинците ги нарече неонацисти.
-Недозволиво е да се поддржува воена агресија врз суверена држава, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.Со оглед на тоа дека Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и на локално ниво во повеќе општини, Мицкоски треба да одговори кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресија на Русија врз Украина од страна на Левица?, прашуваат од СДСМ.