487
Европската иднина, европскиот правец на државата е пред сериозна закана, порача Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Гевгелија.
„Еден политички субјект кој многумина го потценуваат е сериозна пречка на европскиот пат. Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Не ги потценувајте, како што изминуваат деновите Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник. Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски“, порача Ковачевски.
Апасиев и Левица, додаде Ковачевски, се реалната закана за европската иднина на државата.