995
Правите зулум во државата со ставови кои се косат со стратегиските определби, но сојузник сте со Алијанса за Албанците, а немате ставови за клучните прашања од програмата на мандатарот, реагира координаторот на ДУИ Арбер Адеми во репликата на говорот на пратеникот Димитар Апасиев.
Адеми рече дека дека Владата ќе продолжи со стратегиските чекори во интерес на државата со цел да се отворат нови перспективи за државата.
На тоа Апасиев возврати: „Почитуван Адеми, другпат кога директно ми се обраќате, ве молам говорете на македонски јазик, јас не користам слушалки за превод “.