501
Професорот и член на Левица, Димитар Апасиев, во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија рече дека денеска до одлуката на Уставниот суд била погребана правната држава.
-Денес е погребана правната држава и останува граѓаните сами да го чуваат Уставот и да се спротивстават на самоукинувањето. Јас искрено не очекував повеќе, знаејќи ги судиите, тие луѓе се ставани по партиска линија и донесоа и таква политичка одлука. Се срамев што присуствував таму, како да бевме на митинг на СДСМ, а не на седница на Уставен суд, рече Апасиев.