114
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев демантира дека наредил бојкот на претседателските избори откако вчера беше објавен негов мејл до партиските тела, со насоки за бојкот на вториот круг од претседателските избори на 8 мај.
Принтскрин од наводниот мејл со вчерашен датум беше објавуван вчера на социјалните мрежи.
На најголемиот христијански празник Велигден, ботовите на ДПМНЕ, по лична директива на Христијан Мицковски, пуштаат дип-фејк ФОТОМОНТАЖА на лажна вест!!! Најостро демантирам дека постои ваков мејл!, објави Апасиев.