693
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, смета дека директорот на Кардиохирургија е разрешен по етничка основа, заради тоа што е Македонец.
Разрешувањето на д-р Сашко Јовев деновиве е главна тема во земјава
Апасиев смета дека смената на директорот Јовев има и етничка позадина:
„Ај да бидеме реални. Доктор Јовев е разрешен и затоа што е Македонец. Да беше по Рамковен, никој немаше да го пипа“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Денеска треба да има обраќање министерот Меџити на кое ќе ги објасни причините за разрешувањето на д-р Сашко Јовев.