837
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку истакна дека состојбата е алармантна, и дека, според него, демократијата е парализирана.
-Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата – порача Апасиев.
Тој говореше дека видеото на пратеникот на Беса Скендер Реџепи, кој се потпиша на иницијативата за недоверба на владата, но се предомисли и денес не се појави во парламентот.