102
Вкупно 29 пратеници од стариот состав досега побарале апанажа. Најголемиот дел се пратеници на СДСМ.
Од СДСМ апанажа побарале 19 пратеници, од Алијанса за Албанците четворица пратеници се решиле да примаат апанажа,а пак од ВМРО-ДПМНЕ двајца.
Една година плата од народни пари ќе земаат Маја Морачанин од ДОМ, Боби Мојсовски од ЛДП, и по еден поранешен пратеник од редовите на БЕСА и ДУИ.
Пратеникот на Левица, Борис Крмов е против апанажа на поранешните пратеници.