Антонио Кошта: Проширувањето на ЕУ е итно, не смееме да ги изневериме очекувањата на Западен Балкан

by Fokus

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска изјави дека мора да се разбере чувството на итност кога станува збор за процесот на проширување на ЕУ и истакна дека не смее да се изгуби моментумот во овој процес и дека не смеат да се изневерат очекувањата на Западен Балкан или Молдавија.

„Ако ги изневериме очекувањата, ќе видиме повеќе Грузии. Не сакаме да видиме повеќе Грузии, сакаме европско единство за целото европско семејство“, рече Кошта како одговор на прашања за време на состанокот на Европскиот економски и социјален комитет ( ЕЕСС), каде ги презентираше приоритетите на претседавањето со Европскиот совет.

Истовремено, тој нагласи дека проширувањето е геополитичка инвестиција.

Поврзани новости