Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е хоспитализиран на скопската Инфективна клиника, дознава „Фокус’“ од извори на клиниката.
Според нашите информации, тој е примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов е стабилна.
Се уште нема официјални информации дека Милошоски е позитивен на Ковид 19, а нашите извори уште тврдат дека го нема на последниот список на позитивни пациенти во текот на денот, што не значи дека нема да се најде на утрешниот список, ако тестот бил направен во текот на денот.
Пред неколку денови, неговата мајка на својот фејсбук профил објави дека како медицинска сестра, која работи во болницата во Кичево е позитивна на корона вирусот и кажа дека неколку денови пред да дознае, имала контакт со нејзиниот син.
Тој требаше во наредните десетина дена да остане во самоизолација.
И.М.