Популарната поп пејачка Антонија Гиговска ја изненади јавноста со објавата на фотографии на кои се гледа нејзиното трудничко стомаче и откри дека освен што ќе стане мајка, нејзиниот избраник ја запросил.
-Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое, од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно! Среќен да ми е роденденот, а погодете кој ќе стане мајка?
ПС Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа! Си славам, роденденче, бебче, прстен, се – откри Гиговска.
Нејзиниот избраник е музичарот Роберт Спасенцоски, со кого во минатото имаа заеднички настапи. Инаку, тој е син на популарниот фолк музичар Боби Спасенцоски.
До пред неколку месеци таа беше во врска со Иван, фронтменот на Либеро Бенд, а по прекинот на врската со него беше ангажирана со голем број на настапи. За приватниот живот одбегнуваше да коментира.
Вики Клинчарова