Антивладини протести во 15 градови

by Фокус 13:01
13:01

Граѓаните обединети под граѓанското движење „Протестирам“ организираат протести во уште петнаесетина градови покрај Скопје, меѓу кои Куманово, Велес, Штип, Кочани, Кичево, Битола, Делчево, Крива Паланка, Струга, Прилеп, Струмица, Ресен, Радовиш, Гевгелија.

Граѓанитете бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни.

- Advertisements -

Дел од барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

Поврзани новости