Антикоруциска ќе ги испитува вработувањата и Годишната програма на Култура

by Fokus

Антикорупциската комисија отвори постапка по допрен глас за проверка на 18 вработувања на роднини на актуелни функционери од власта.

Ќе се проверуваат сите вработувања за кои се слушна  во јавноста: на сопругот, синот и братот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска, вработувањето на ќерката на спикерот Талат Џафери, потоа на сестрите на министрите Асаф Адеми и Крешник Бектеши, вработувањата на сестрата, дедото и бабата на пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски, синот на пратеникот на НСДП Горан Мисвски, ќерката на пратеничката од независната група Емилија Александорва,  мајката на пратеникот и портарпол на СДСМ Констадин Костадинов, сопругата на пратеникот Зеќир Рамичиловиќ и синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева.

Исто така, под лупа на Антикорупциска ќе бидат и вработувања на сопругите на градоначалниците на Неготино и Берово,  на внуката на градоначалникот на Прилеп и сопругот на државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска.

Проверките ќе бидат насочени кон вработувањата во МЕПСО, ЕЛЕМ, АЕК, УЈП, а дел од спорните вработувања биле преку агенции за привремено вработување, за што комисијата укажа дека токму овде гледаат можност за реагирање на начинот и постапката, како роднини на функционерите стасале до работните места.

Претседателката Антикорупциската Комисија Билјана Ивановска емисијата Топ Тема на Телма, рече декаво овие случаи прекршен е член 56 од новиот Закон, каде вели дека избрано именувано лице, или одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување или вработување  на член на неговот семејство во државен орган, орган на локална самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице во рок од 10 дена од рокот на извршениот избор, именување, вработување.

ФОТО: НОВА

Поврзани новости