115
Заменик министер во поранешната Влада, во период кога не бил завршен изборот на Влада, спротивно на законите потпишал 189 решенија за прераспоредување на службеници во министерството кое го раководел.
Станува збор за 98 решенија за хоризонтално распоредување на службеници во министерството, 68 решенија за унапредување со финансиски импликации врз Буџетот на министерството а 23 решенија за распоредување на службениците во министерството со намалување на платата.
Антикорупциската комисија одлучи дека тој ги прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси и изборниот законик и ќе наложи до надлежните институции тој да биде повикан на одговорност.