Антикорупциска утврди дека Иџет Мемети предложил заменик кој не ги исполнувал условите од редовите на „рамковните“

by fokus

Антикорупциска комисија утврди дека се уште актуелниот Народен правобранител, Иџет Мемети предложил заменик на Народниот правобранител за подрачјето на Кичево, Илбер Руфати кој не ги исполнувал бараните услови за ова место односно го немал потребното образование и потребното работно искуство.

Подносителот на пријавата се жали и на дискриминација на кандидати со долгогодишно работно искуство во правото и дека бил предложен кандидат кој после дипломирањето пет години бил распореден на работа во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор без да биде распореден на работа, а од 2015 година работел во УЈП Кичево како помлад соработник.

По поднесената пријава антикорупционерите побарале документација од Народниот правобранител Иџет Мемети, а вонреден надзор направил и Државниот просветен инспекторат. Од собраната документација било утврдено дека Илбер Руфати кој на крајот на 2019 година бил избран за заменик на правобранителот во Кичево запишал постдипломски студии на Факултетот за правни науки, сепак тој ги немал положено сите испити и ги немал собрано потребните 240 ЕКТС кредити кои биле услов за ова работно место.

-Илбер Руфати кој е избран за заменик на Народниот правобранител за подрачјето на Кичево во моментот на поднесувањето на пријавата по распишаниот оглас за заменици на Народниот правобранител за Скопје, Кичево и Битола, е го исполнувал условот за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС односно завршен VII/1 степен образование од областа на правото а следствено на тоа и условот да поседува работно искуство од најмалку седум години од обаста на правото чија активност е докажана во областа на зашттата и промоцијата на човековите права и ужива углед во вршењето на професијата, што се докажува со добиени оценки за работењето во професијата релеватни препораки или признанија кои можат да се верификиваат имајќи предвиди дека работното искуство се стекнува после завршувањето на соодветниот степен на образование, се вели во одлуката на Антикорупциската комисија која е јавно објавена.

Иџет Мемети во интервју за емисијата 360 степени потврди дека имало пријава за изборот на овој заменик и рече дека така одлучил тој бидејќи сметал дека е добар кандидат.

Сепак како што објаснуваат од Антикорупциската комисија оваа одлука ќе ја достават до Собранието кое го избрало заменикот на предлог на Мемети и до подносителот на пријавата, но други надлежности ДКСК нема бидејќи заменикот може да се разреши ако има сторено некое кривично дело.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости