Антикорупциска комисија уште во 2019 година барала од Владата разрешување на тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, поради утврден судир на интереси, соопшти претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.
Комисијата тогаш утврдила дека Анѓушев учествувал во расправата и носењето на владината одлука за намалување на царината за увоз на литиумски батерии, а при тоа неговата фирма се бави со увоз на литиумски батерии.
„Дадовме иницијатива до Владата за негово разрешување, но Владата нè извести дека тоа не е судир на интереси, тој понатаму продолжи да биде дел од техничката влада“, рече Ивановска.
Таа додаде дека сега се посебна институција која се бави со темата судир на интереси и дека треба да се почитуваат надлежностите и одлуките на таа институција.
САД вчера го прогласија Кочо Анѓушев како неподобен за влез во САД, поставувајќи го на „црната листа“.