Антикорупциска следи што се случува со тендерот во Водовод

by Fokus

Претседателката на Антикорупциска комисија, Биљана Ивановска во гостувањето во „24 анализа“ на ТВ 24 говореше за ситуацијата на релација Град Скопје и јавното претпријатие Водовод и канализација, осврнувајќи се на наводите за злоупотреби со тендерот тежок над 136 милиони евра.

„Засега се повеќе партиски игри меѓу нив и ако има нешто повеќе, ќе реагираме. Тендерот во ДИК се разгледува од наша страна и паралелно работи со нас и Државниот завод за ревизија. Многу скоро се очекува да се заврши со интервјуто со одговорните лица во ДИК и штом ќе ги завршиме, ќе излеземе во јавноста. Предмет на интерес е дали е испорачано тоа што е договорено. Ќе разговараме и со Даштевски. Во однос на злоупотреба на вработувањата, имавме злоупотреба како е објавен конкурсот, злоупотреба на дискреционото право во смисла на злоупотреба на интервјуто и како одлучило одговорното лице некој слаб со поени да избие на прво место, а друг со најмногу поени да отпадне“, рече Ивановска.

Поврзани новости