Антикорупциска потврди дека ексминистерката Костадиновска Стојчевска трошела незаконски

by Fokus

Државната комисија за спречување корупција донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Комисијата потврди дека поранешната министерка незаконски трошела народни пари.

При службено патување во Лондон минатата година, потрошила средства од буџетот на министерството за култура кои не биле трошоци во интерес на патувањето туку за приватни цели.

На денешната седница, не беше откриено на што Костадиновска Стојчевска ги потрошила парите, но претходно од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека таа со службената картичка купила куфер, чорапи, играчки.

ДКСК најави дека прибраните докази ќе ги испрати до надлежните истражни органи.

Поврзани новости