Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет по анонимна пријава за злоупотреба на пари од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.
Пријавата е доставена и до МВР, Управата за финансиска полиција, а известени биле, меѓу другите и УО на оваа Национална агенција, како и генералниот секретаријат на Владата, СЕП, МИОА.
-На 26 јуни, годинава добивме инфомации од МОН дека е спроведен надзор и констатирани се финансиски неправилности, односно пропусти, материјална штета, по што од Министерството е поднесена кривична пријава до ОЈО, рече членот на Антикорупциска, Нури Бајрами.
Овој случај ќе биде пријавен од МОН во октомврискиот извештај што секоја година земјава го испраќа до ЕК, а на почетокот на јуни, бил пријавен и до канцеларијата при Министерството за финансии – АФКОС, одделение за борба против измами на европски средства.