Антикорупциска отвори предмет за министерката Ангеловска

by Fokus

Државната комисија за спречување корупција ќе испитува судир на интереси кај министерката за финансии Нина Ангеловска која ги повлече своите пари од Еуростандард банката пред нејзиното пропагање, објави Сител.

Покрената е службена постапка со која ДКСК ќе утврдува судир на интереси.

Таа претходно ги демантираше информациите кои се пласираа во врска со повлекување на нејзините средства од „Еуростандард банка“, која е ставена во стечај, нагласувајќи дека не е точна ни сумата која се наведува во текстовите.

– Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во „Евростандард банка“, истакна Ангеловска.

Таа посочи дека целосно е неточна информацијата дека нејзините средства ги префрлила во други банки или дека ги повлекла.

– Вистината е дека пред стапување на функцијата – Министер за финансии – овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија, образложи тогаш министерката.

Поврзани новости