Антикорупциската комисија отвори предмет против некогашниот директор на Фондот за иновации, Коста Петров.
Предметот е во врска со доделените средства за издавачката куќа „Три“, која е издавач на сите негови книги.
Информациите говорат дека станува збор за средства дадени за издавачкиот центар ТРИ ДООЕЛ за проект наменет за едукација за кој вкупниот буџет изнесува 7.249.159 денари, сопствено кофинасисрање е 2.174.747 и ФИТР кофинансирање – 5.936.000 денари.
Конфликтот на интереси е во фактот дека тие ги издаваат неговите книги.