Локалните избори завршија пред речиси два месеци, победниците се сместија во фотелјите, а Антикорупциска веќе подолго време ги чешла финансиските извештаи на политичките партии. Бидејќи донациите се најспорниот дел од финансирањето на партиите, антикорупциска проверуваат дали донаторите се реални, или послужиле само како пополнувачи на уплатници.
-ДКСК врз основа на своите надлежности врши надзор над трансакциите и донациите што политичките партии ги добиваат на своите изборни сметки, ни одговорија од Антикорупциска.
Оттаму додаваат дека првите проверки укажале на сомнителни донации, поради што побарале да се вклучат и од Управата за финансиско разузнавање.
-Во однос на дел од примените донации, ДКСК има сомневања дека истите не се законски, поради што до Управата за финансиско разузнавање (УФР) достави барање за нивно надлежно постапување.
Имајќи предвид дека овие постапки се доверливи, ДКСК има целосна доверба дека УФР професионално ќе ја изврши својата задача, а за утврдените наоди ќе достави повратни информации до ДКСК но и до надлежното јавно обвинителство, ни одговорија од Комисијата за спречување на корупција.
Оттаму појаснуваат дека откако ќе ги добијат наводите од Управата ќе извршат вкрстена проверка со базите на податоци со кои располагаат.
Пишува: Валентина Вурмо
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК