Антикорупциска ќе испитува сомнеж за злоупотреби во министерството на Фазлиу

by fokus

По сознанија од медиумите, Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница донесе одлука да отвори предмет со кој ќе се испитаат наводи за можни злоупотреби во Министерството за локална самоуправа.

Како што беше речено денеска на седницата во ДКСК, постојат сомнежи за вработување на блиски лица во Министерството и за користење на службени возила за приватни потреби.

Антикорупционерите одлучија да се отвори предмет за да се испита фактичката состоја. Во ова ресор министерува Сухејл Фазлиу.

Во декември минатата година Финансиската полиција поднесе кривична пријава против него и против неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра.

Маја Васева

Поврзани новости