Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), известува дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции и дека ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени.
,,Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции.
Целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси.
Комисијата ќе продолжи со мониторингот и со својата работа ќе придонесува за одржување на интегритетот и довербата во институциите од јавниот сектор“, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата.