553
Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) ќе побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“.
Ако сепак, претседателот Пендаровски се реши да го потпише законот, ќе биде негово оспорување пред Уставниот суд.
„Законот содржи сериозни уставни прекршувања. Ние нема да се откажеме со спротивставувањето на неговата примена до последно, до сите овластувања што ги имаме. Понатаму, тој е нивна одговорност“, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.