466
Државната комисија за спречување на корупција ја запре постапката која ја поведе на своја иницијатива околу изборот на ректор на УКИМ, бидејќи не успеале да достават писмено известување до Ректоратот на УКИМ.
Од комисијата информираат дека Ректоратот бил затворен и не работел поради епидемијата со Ковид-19 и доставата била вратена назад во Антикорупциска.