Антикорупциска ја прекина постапката против Манчевски, откако тој доставил конкретни докази

by fokus

Министерот Дамјан Манчевски вечерва соопшти дека Државната комисија за спречување корупција ја прекинала постапката против него за наводни грчки фирми, откако тој поднел демант со конкретни докази.

-Членовите на ДКСК беа избрани на транспарентен начин, согласно професионални критериуми, а тоа го потврдуваат со својата работа. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, следен пат кога ќе одлучат да ме обвинуваат, тоа да го прават со докази, а не со шпекулации и невистини, вели Манчевски.

Постапката против него беше околу сомнежи во врска со грчки фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.

Поврзани новости