Антикорупциска го казни Џафери по иницијатива на Левица, но со смешна глоба – соопштија од партијата на Апасиев

by Fokus

Левица се пофали дека поранешниот министер и спикер Талат Џафери бил санкциониран од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако било утврдено дека незаконски извршувал две неспоиви функции истовремено.

Постапката против Џафери била поведена по иницијатива Левица која уште во јуни 2024 година поднесла претставка до ДКСК за судир на интереси поради неспоивост на функции, бидејќи Џафери истовремено беше претседател на Владата и пратеник во Собранието. Сепак, од Левица информираа дека ДКСК изрекла смешна глоба.

Потсетуваме дека за отстранување на оваа состојба, апелиравме и до собранискиот спикер, Африм Гаши, кој беше должен веднаш да констатира престанок на мандатот на Џафери. Но, Гаши одби да постапи по ова барање на пратеничката група на Левица, па затоа Левица му поднесе и кривична пријава за несовесно работење во службата, а дополнително – една од седумте точки на која Левица ја засноваше, за жал, неуспешната интерпелација за Гаши беше и токму ова непостапување, порачаа од Левица.

Ова не е прв пат Џафери да биде санкциониран по иницијатива на Левица. Од партијата велат дека бил казнет од ДКСК по претставка за неговото истовремено вршење на неспоиви функции: претседател на Собранието и член на претседателството на ДУИ.

Лани во мај, Џафери појасни уште на конститутивната седница дека нема да се повлече и ќе ја извршува функцијата премиер. Тој спомена дека бил донесен заклучок на Влада за да продолжи да ги извршува должностите како премиер додека да биде избран идниот владин состав. Дотогаш, нема да учествува во работата на Собранието.

Поврзани новости