706
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ги истражуваат ваучерите во спортот поради високи ризици од корупција.
Според неа, наишле на високи ризици од корупција затоа што распределбата на ваучерите треба да се одвива на еден демократски, транспарентен начин.
-Направен е директен упад во Законот, променет е Законот за тоа кој да биде член на таа централна комисија за разлика од претходното решение кога директорот треба да ја формира таа комисија од стручни лица од фелата, сега е на предлог на Владата и ние тука видовме директно политичко прашање во поделбата на средствата, вели Ивановска.