Антикорупциска донесла одлука во корист на Чулев, ги отфрлила претставките на Петровска

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја прифатила постапка поднесена од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, а ја отфрлила пријавата поднесена од неговата заменичка Славјанка Петровска.

Како што соопшти Чулев, неговата пријава  била поднесена како резултат на одлуката на Владата за поништување на решенијата за распоредување, а пријавата на Петровска била поднесена за наводни незаконитости и коруптивни дејствија во постапка за објавување и избор на кандидати по интерни огласи во МВР, а наводно сторени од Чулев.

-Во однос на пријавата поднесена од министерот Наќе Чулев од страна на ДКСК донесена е одлука според која владата со донесувањето на одлуката за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување на наредби и задачи со која е поништено и решението со кое се именува началник на сектор за внатрешни работи Тетово, ја прекршила забраната утврдена во чл. 8-а став 1 алинеја 3 од изборниот законик и во членот 34 став 1 алинеја 3 од законот за спречување на корупција и судир на интереси. Спорната одлука на Владата била донесена на 18.02.2020 година, два дена по донесување на решението за распишување на предвремените избори за пратеници од страна на претседателот на Собранието, односно истата била донесена за времетраење на изборниот процес, кога важат забраните утврдени во чл. 8-а ст. 1 алинеја од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, соопшти Чулев.

Во однос на пријавата од Петровска ДКСК донела одлука со која постапката се запира. Во образложението на одлуката ДКСК навела дека во предметниот случај не се направени никакви прекршувања на законските и подзаконските акти и било какви коруптивни дејствија, дека во предметниот случај е променета фактичката состојба односно од страна на Владата биле донесени одлуки за поништување на решенија за распоредување на работно место и наредби за извршување на работи и задачи, со кои биле поништени повеќе решенија донесени од министерот за внатрешни работи, потпишани само од него во периодот од 06.02 до 17.02.2020 година и дека во конкретниот случај станува збор за прашање поврзано со надлежно постапување на друг надлежен државен орган, односно се работи за несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик во кој случај согласно одредбите на законот за владата должна е да постапи државната изборна комисија.

Поврзани новости