Антикорупциска до ВМРО-ДПМНЕ: Нападите ви се неосновани!

by fokus

Од Државната комисија за спречување на корупција реагираат на обвинувањата од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за наводно непостапување на Антикорупциска.

-Силен интегритет на институциите е императив за сите развиени демократски општества. Тргнувајќи од тоа Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интересите, апелира да не се користат неосновани напади кон оваа институција која работи во интерес на сите граѓани, заради што е и основана од Собранието на Република Северна Македонија.
Комисијата работи транспарентно и ажурно согласно своите законски надлежности, за што е информирана целокупната јавност. Резултатите од работењето на Комисијата се јавно достапни, но истовремено сведочат за сериозен напредок во борбата против корупцијата и судирот на интересите, велат од Комисијата.

Оттаму додаваат дека наместо неаргументирани напади со краткотраен ефект, ги повикуваат сите граѓани, институции, политички партии, организации и слично да ги пријават сите предмети за кои имаат сомневање за сторена корупција и судир на интереси.

-Покрај тоа, за да имаме поголем напредок како општество, повикуваме на заеднички заложби за поефикасно и поажурно процесирање на предметите кои ДКСК ги поднесува до надлежните институции кои имаат ингеренции за понатамошно постапување.
За Државната комисија за спречување на корупцијата е од големо значење поддршката од сите поддржувачи на борбата против корупцијата и судирот на интересите, бидејќи само со заеднички напори можеме да создадеме поправедно општество, се наведува во реакцијата на Антикорупциска.

Поврзани новости