Антикорупциска бара кривични за еден актуелен и еден екс градоначалник

by Fokus

Антокорупциска комисија поднесува иницијатива до Обвинителството, кривично да се гонат екс градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и актуелниот на Струденичани, Азем Садики.

Како што појасни членот на комисијата Нури Бајрами, поранешниот градоначланик на Гази Баба Борис Георгиевски не им ги доставил бараните податоци, а потоа по направената целосна анализа, и доставените документи од актуелното раководство во општината, било утврдено дека градбата е почната да се гради без одобрение и без да се донесе Деталниот урбанистички план,а ексградоначаникот постапил спротивно на законот.

-Одобрението за градење во случајот со „Волво“, во прва фаза е донесена на 17.02.2020 година, а за втора фаза на 30.09.2020 година, а во медиумите, на 28.06.2019 година објавена е информација дека свечено е пуштен во употреба новиот салон за автомобили, токму во објектот започнат со градење како дивоградба, Нури Бајрами – член на ДКСК.

Антикорупционерите бараат кривично да одговора и градоналникот на Студеничани Азем Садики, поради недомаќинско работење и трошење средства од буџетот.. Претседателката на ДКСК појасни дека во 2020 година на сметка на општината биле исплатени 2,4 милиони денари без соодветна поткрепувачка документација, а извештајот вклучува поправки и тековно одржување на улици и патишта во износ од 1,9 милиони денари, без прилог дека работите се извршени и одобрени.

-На членовите на Советот на Општина Студеничани и на градоначалникот им се исплатени средства во износ од 908 илјади денари по основ на месечен надоместок за присуство на седници, кои пак воопшто не се одржале, информираше претседателката на ДКСК.

Антикорупциската комисија побара да се покрене иницијатива за кривично гонење и против тројца градоначалници на Демир Хисар за злосторничко здружување за простор на општината кој го изнејмувале, без да наплаќаат закупнини.. На денешната седица беше разгледан и случајот со противпожарната скала што ја купи Шилегов, но постапката беше сопрена, бидејќи случајот го истражува обвинтелството..

Поврзани новости