170
Антикорупционерите оформиле предмет за проверка на имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.
Пријавата била поднесена од Управата за финансиско разузнавање, која до нив била поднесена од непознат подносител.
Од Антикорупциската комисија велат дека во пријавата се бара проверка на имотот на Јанушев, за имот кој наводно не го пријавил во анкетниот лист поднесен до ДКСК, а во рамки на истиот предмет од Антикорупциска ќе биде извршена проверка и на имотот за кој сега се појавија сомнежи пишан како подарок.
На оваа тема денеска цел ден се препукуваат двете најголеми партии, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.