662
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија и поранешен македонски репрезентативец, Перо Антиќ, е номиниран за тимот на деценијата во елитното натпреварување – Евролигата.
Антиќ од 2010 до 2020 година има освоено три титули европски шампион, како играч на Фенербахче, и Олимпијакос (2017, 2013 и 2012).
Во гласањето ќе учествуваат навивачите, играчите, тренерите и претставниците на медиумите. Сите заедно ќе придонесат да бидат избрани најдобрите играчи во периодот 2010-2020 година.
Вкупно ќе има 50 номинирани. Гласањето ќе почне во 2020 година.