Антиќ го продава дресот на Фенербахче – парите ќе ги донира за Турција

by fokus

Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) и поранешен кошаркар, Перо Антиќ се приклучи во хуманитарната акција за погодените луѓе од силниот земјотрес кој ја стресе Турција.

Антиќ во текот на кариерата играше за многу тимови, меѓу кои беше и Фенербахче со кој стана европски шампион, па сега првиот човек на КФМ реши да го стави дресот од финалето против Олимпијакос на аукција.

Заработените пари од продажбата на дресот од дуелот меѓу Фенербахче и Олимпијакос ќе бидат донирани за помош на настраданите жители во погодениот регион.

Поврзани новости