Анти-ковид вакцината ќе биде достапна во Австралија во јануари 2021 година

by Fokus

Австралиските власти соопштија дека првите количества од вакцината против Ковид-19 ги очекува во јануари, а премиерот Скот Морисон вчера кажа дека дневниот број на новоинфицирани е најмал во последните 10 недели.

Морисон притоа откри дека владата со компанијата CSL Ltd постигнала договор за производство на две вакцини.

Првата е развиена од конкурентската фармацевтска компанија АстраЗенека, во соработка со Универзитетот во Оксфорд, а втората е таа што во своите лаборатории ја развива  компанијата CSL Ltd, во соработка со Универзитетот во Квинсленд, пренесоа британските медиуми.

-На Австралија и треба малку надеж. Денеска направивме значаен чекор кон подобрата заштита на здравјето на нашите сограѓани и борбата против коронавирусот, рече Морисон.

Министерот за здравство Грег Хант изјави дека за време на тестирањето и двете вакцини покажале потенцијал да обезбедат „долготрајна заштита“.

Премиерот изрази очекување дека CSL.Ltd ќе испорача околу 3,8 милиони дози вакцини според лиценцата на Астра Зенека и дека државата ќе набави лекови од ЦСЛ доколку тестовите се покажат ефективни.

-Доколку  двете вакцини ги поминат сите клинички испитувања, Австралија ќе издвои околу 1,7 милијарда долари за вкупно 85 милиони дози, изјави австралискиот премиер.

Поврзани новости