Анти-албански пораки на потпишувањето меморандум против референдумот

by fokus

Членови на Кризниот штаб кој треба да ја предводи кампањата против референдумот, упатија анти-албански пораки на денешното потпишување на меморандумот за соработка. Страшко Олумчев од организација Македонскиот Национален Совет “Македониум“, раководена од иселеници, рече дека само етнички Македонци имаат право да одлучуваат за името.

-Зоран Заев кој сам даде изјава дека е православен шиптар и дека нема македонско потекло, не ништи постепено. Тоа е изјава на Заев, сам си изјави, никој освен македонскиот народ нема право да се меша во македонскиот идентитет – рече Олумчев.

На прашање на новинар од ТВ21 дали знае дека е лажна вест текстот под наслов „Заев: И јас сум православен Албанец“ објавен на Република, Олумчев одговори:

-Дали е лажна или не не знам, знам само дека Заев има многу што да објаснува за неговото потекло – рече тој.

 

Поврзани новости