Анонимуси објавија дека хакирале доверливи документи на Владата на Србија

by Fokus

Хакерската група „Анонимуси” објави дека „протекле десетици доверливи документи од Владата на Србија”.

Во својата објава на Твитер напишаа: „Се уште не завршивме со тебе, марионето на господинот Путин!”

Објавија и линк со доверливи документи од Владата на Србија.

Хакерската група „Анонимуси” пред почетокот на јануари извршила серија напади на веб-страниците на државните институции под заедничкиот хаштаг „опсербија” – операција Србија, тврдат членовите на оваа неформална група на Твитер.

На неколку различни профили на Твитер, кои го носат името Анонимус, имаше соопштенија за хакирање на веб-страниците на Војската на Србија, НБС, потоа веб-страницата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и веб-страницата на Министерството за надворешни работи и БИА.

Поврзани новости