314
Анкетната комисија во Собранието која ќе утврдува дали има политичка одговорност во скандалот на Клиниката за онкологија и дали се прекршени правата на пациентите денеска ја одржа првата седница. Претседателката на комисијата, Рашела Мизрахи, попладнево ќе разговара со поранешни министри за здравство.
Анкетната комисија нема судски овластувања и нема да се однесува како инквизиција, ќе работи објективно и ќе донесе заклучоци врз основ на релевантни и вистинити факти, а наодите и решенијата на Комисијата може да им послужат и на истражните органи, најави претседателката Мизрахи.