Анкетната комисија продолжува со сослушувањата за случајот со Онкологија

by Fokus

Денеска продолжува работата на Анкетната комисија за утврдување на одговорност за скандалот во Онкологија.

За денеска се закажани сослушувања пред пратениците на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Досега пред пратениците се појавија сегашни и поранешни функционери, министри, службеници и одговорни лица во Фондот за здравство, како и државниот ревизор Максим Ацевски, обвинителот Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Вкупно се планира да бидат сослушани 44 сведоци, а меѓу идните се и раководители и вработени на самата клиника.

Поврзани новости